IRS сертифицирани за враќање на данокот од САД

Easy Tax Store е регистрирана агенција за враќање на данокот која е директно сертифицирана од страна на IRS. Ние не сме посредници. Лично ги обработуваме даноците на нашите клиенти, ги проследуваме до даночните власти и ги застапуваме нашите клиенти пред нив. Според законот за даноци во САД не смееме да наплаќаме процентуално во зависност од износот на данокот и поради тоа кај нас секогаш имате ФИКСНА ЦЕНА БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ.

Регистарските броеви под кои секогаш може да нè најдете директно на веб-страницата на : IRS-a su:

 Enrolled Agent (EA) бројот е: 00098142-EA.

 Preparer Tax Identification Number (PTIN) e: P01086627

Easy Tax Store е сертифициран eFile провајдер. Легално можеме да ги трансмитираме даноците на нашите клиенти директно на даночните власти што значително го забрзува самиот процес на враќање на данокот и ја зголемува сигурноста.

 

Станете наш соработник

 Easy Tax Store е партнер со многу Work and Travel агенции, виза спонзори, регрутери, туристички агенции, онлајн портали и многу други.
Заинтересирани сме за соработка со секоја компанија/организација/поединец кој/а има клиенти кои работат во САД. Ве повикуваме да се приклучите на нашата мрежа на соработници.

Нудиме:

  • Квалитет и кооперација
  • Провизија за секој клиент
  • Можност да ја рекламирате услугата за враќање на данокот во вашата канцеларија или на веб-страницата.

Доколку сте заинтересирани или сакате повеќе информации во врска со можната соработка, контактирајте нè.

 

Измами/SCAMS

Најчеста измама или SCAM со која се соочуваат учесниците на Work and Travel програмата е т.н. PHISHING. Phishing е крадење на идентитетот (identity theft) преку интернет.

Phishing е измама која вообичаено ја вршат нерегистрирани компании кои поседуваат легитимни веб-сајтови од кои интернет измамниците им испраќаат мејлови на наивните жртви за да им ги откријат личните и финансиските информации и така стануваат жртви на крадење на идентитетот.

IRS НИКОГАШ не испраќа мејлови во кои ги бара вашите лични податоци или шифри, PIN броеви и слични информации за вашата банкарска сметка, кредитните картички, како и други финансиски сметки. Подолу се наоѓаат два примера за оригинални SCAM мејлови.

 Пример за оригинален SCAM мејл 1. Пример за оригинален SCAM мејл 2.

IRS Ви препорачува што да преземете во случај да добиете мејл кој Ви е сомнителен.
Препораките се дадени во табелата подолу.

 

Доколку

Потоа

  1. 1. Добиете мејл во кој се тврди дека е од IRS и кој содржи барање за вашите доверливи информации…
  1. Не одговарајте.
  2. Не ги отворајте attach-мените.
  3. Не кликајте на кој било линк.
  4. Проследете го мејлот од IRS на phishing@irs.gov.
  5. По проследувањето на мејлот, избришете го истиот.

Повеќе за интернет измамите може да најдете директно на IRS сајтот.

IRS видеозапис на тема Phishing-a.

PetarЗа наc