ЧПП – Сè за данокот

Потребни документи за враќање на данокот се:

    • Kопија од социјалниот број
    • Kопија од првата страна на пасошот
    • Kопија од W-2 формуларот или од последниот pay slip
    • Aпликација за враќање на данокот од САД
    • Form 2848 – официјално полномоштво од IRS
    • Договор за соработка

Потребната документација со упатството може да ја преземете  овде.

W-2 формуларот е официјален IRS документ кој содржи информации за Вашата заработка, како и за платените даноци. Работодавецот го издава W-2 формуларот на крајот на фискалната година (31 декември) во три примероци, едниот Ви го испраќа Вам, едниот на IRS и еден задржува во својата архива. Работодавецот, законски е должен да го испрати W-2 формуларот до 31 јануари идната година.

Да. Законски сте должни да ја пријавите севкупната заработка која сте ја оствариле во текот на фискалната година.

Постојат два начина за добивање на парите од данокот во САД:

  1. преку чек на домашна адреса и
  2. на вашата сметка во банката во САД.
Времето на враќање на федералниот данок е од 4 до 12 недели, додека враќањето на државниот данок зависи од државата во која сте работеле и трае од 4 до 12 недели.
Да. Доколку сте престојувале со J, F или M виза и не сте останале на американска територија повеќе од 183 дена имате право на враќање на Social Security и Medicare даноците.
Да. Враќањето на данокот зависи од висината на заработката, како и од трошоците кои сте ги имале во САД. Рокот за плаќање на данокот е до 15 април.
Доколку имате право на враќање на парите од данокот, крајниот рок за враќање е 3 години. Во моментот, враќање на данокот може да извршите за 2014, 2015, 2016 и за 2017 година. Крајниот рок за 2014 година е 18 април 2018 година.

 

povracajporezaFAQ