Се за данокот

Данокот на заработка (Income tax) во САД (Соединетите Американски Држави) е воведен во 1913 година. Почнувајќи од таа година секој кој работи во САД, без оглед дали е државјанин на САД или не, должен е да плаќа данок на заработка.

Во САД постојат 4 вида даноци на заработка:

  1. Federal income tax
  2. State income tax
  3. Local income tax
  4. FICA (Federal Insurance Contribution Act) – Social Security & Medicare
  1. Federal income tax– е данок на ниво на целокупната територија на САД. Агенцијата задолжена за собирање на федералниот данок е IRS (Internal Revenue Service). Федералниот данок изнесува од 10% до 12% од заработката. Времето на враќање на федералниот данок е од 4 до 12 недели. Сите учесници на Work and Travel програмата должни се да го плаќаат федералниот данок.
  1. State income tax–  е данок на ниво на државата во САД и е различен за секоја држава одделно. Висината на државните даноци изнесуваат од 3% до 6%. За собирање на државните даноци задолжени се посебни агенции (State Department of Revenue). Висината на враќањето на данокот, како и времетраењето на самиот процес зависи од државата во која сте работеле. Времето на враќање на државните даноци е од 4 до 12 недели. Девет држави немаат државен данок: Алјаска, Њу Хемпшир, Тенеси, Флорида, Јужна Дакота, Вашингтон, Невада, Тексас и Вајоминг. Сите учесници на Work and Travel програмата должни се да го плаќаат државниот данок.
  1. Local income tax– е данок кој зависи од местото каде што се наоѓате. Мал број места го имаат, но онаму каде што постои сите се должни да го плаќаат. Многу е мал, често помал од 1%. Враќањето на локалниот данок е поврзан со враќањето на вашиот државен данок. Некои држави го рефундираат локалниот данок, а некои не.
  1. FICA / Social Security and Medicare tax– претставува пензиско и здравствено осигурување. FICA данокот изнесува 15,3% од вашата заработка и според законот една половина ја плаќа вашиот работодавец, додека трошоците за другата половина ги плаќате Вие. Сумата која Вие ја плаќате изнесува 7,65% (6,2% Social Security и 1,45% Medicare). Доколку престојувате со J-exchange visitor или со F виза не сте должни да ги плаќате. Доколку работодавецот направил грешка и почнал да ги одбива FICA даноците на учесниците на програмата кои се со J, M или со F виза, проблемот може да се реши на два начина. Наједноставниот начин да се реши овој проблем е да го известете вашиот работодавец за вашиот статус во САД, за вашата виза со која престојувате и работодавецот да ви ја исплати задржаната сума со наредниот чек. Може да го упатете работодавецот на IRS публикацијата 519, член 8, страница 48, каде што јасно пишува дека Вие како учесници на програмата, со J или со F визи, не мора да го плаќате овој данок. Во случај да не успеете да го добиете овој данок од работодавецот можете да поднесете барање до даночните власти во САД. Процесот на враќање на FICA данокот може да потрае и до една година.

W-2 формулар

На крајот на фискалната година, работодавецот законски е должен на своите вработени да им достави извештај за остварената заработка и платените даноци, т.н. W-2 формулар (W-2 Form).

W-2 формуларот е најважниот документ за враќање на данокот. Колку работодавци сте имале во САД, толку и W-2 формулари треба да имате. Работодавецот, законски е должен да ги испрати W-2 формуларите на вработените најдоцна до 31 јануари идната година. W-2 формуларите се испраќаат преку пошта.

За да бидете сигурни дека вашиот работодавец ќе Ви го испрати W-2 формуларот на вистинската адреса, многу е важно при вработувањето правилно да го пополните W-4 формуларот (W-4 Form).

Адресата која ќе ја наведете на W-4 формуларот е адресата на која ќе Ви биде испратен W-2 формуларот.

Доколку не го добиете W-2 формуларот на крајот на годината, враќањето на данокот можете да го извршите со последниот pay slipPay slip е дел од pay check-от кој по уновчувањето останува кај Вас. Последниот pay slip ги содржи истите информации како и W-2 формуларот и од таа причина е многу важно да ги сочувате последните pay slip-ови од сите работодавци.

Забелешка: pay slip-от не е документ наменет за враќање на данокот и поради тоа може да дојде до компликација при враќање на истиот, што може да го пролонгира самиот процес.

Потребна документација за враќање на данокот:

    • Kопија од социјалниот број
    • Kопија од првата страна на пасошот
    • Kопија од W-2 формуларот или од последниот pay slip
    • Пополнет Easy Tax Store формулар за враќање на данокот  (PDF)
    • IRS формулар 2848  (PDF)

Забелешка: Многу е важно да ги пријавите сите работодавци кои сте ги имале во САД.

Доколку сте престојувале со J, M или со F виза и работодавецот по грешка Ви ги задржувал FICA даноците од платата, потребно е да ни доставите и:

    • Копија од  DS-2019 формуларот
    • Копија од визата и
    • Копија од  I-94

Потребната документација со упатството можете да ја преземете на страната  потребна документација.

Постојат два начина како би можеле да го остварите враќањето на данокот:

  1. Преку чек на домашна адреса. Просечното време на чекање е од 6 до 12 недели.
  2. Директен депозит на вашата сметка во САД. Просечното време е од 3 до 8 недели.

Доколку имате какви било прашања во врска со данокот од САД, слободно контактирајте нè и ќе Ви одговориме во најкраток можен рок.

povracajporezaСе за данокот